Планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола
РЕК Битола ја информира јавноста дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 1.
Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот.
РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2.
АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.