РЕК Битола ќе изврши планирано исклучување на Блок 3
РЕК Битола ја информира јавноста дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3. Планираното исклучување на постројката се прави поради отстранување на помал дефект, како и поради превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот.
Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК Битола ќе продолжи со континуирано производство на електрична енергија од Блок 1 и Блок 2.Неработењето на Блок 3 ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.
АД Електрани на Македонија во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.