Крводарителска акција во АД ЕЛЕМ
Општинската организација на Црвениот крст- Скопје и Институтот за трансфузиона медицина денеска организираа крводарителска акција во Дирекцијата на АД ЕЛЕМ. Ова е прва активност што ја реализираа овие организации во соработка со АД ЕЛЕМ.
-Целта е како општествено одговорна компанија да помогнеме на сите оние кои имаат проблем, па денеска со овој личен чин сакаме тоа да го потврдиме и на дело, со дарување крв нашите вработени да спасат нечиј живот- изјави Александар Колевски, координатор на настанот од АД ЕЛЕМ. Според претставниците на Институтот за трансфузиона медицина, акцијата е оценета како успешна затоа што за неколку часа се собрани 36 крвни единици што е одличен одзив и се надеваме дека ваквите хумани активности ќе прераснат во традиција.
Општинската организација на Црвениот крст му додели благодарница на д-р Христијан Мицкоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ за успешно реализираната крводарителска акција.