АД ЕСМ се стекна со нов сертификат за примена на системот за заштита на животната средина
АД ЕСМ продолжува со имплементација на Системот за управување со животна средина согласно ISO 14001:2015. Сертификат за новото издание на стандардот ISO 14001:2015 е со важност 3 години и е доделен на АД ЕСМ од страна на сертификационото тело ТУВ НОРД Бугарија. Признавањето на воспоставените процедури, стандардизирани согласно меѓународната сертификација е доказ за успешност и посветеност на компанијата на подрачјето на управувањето со животната средина, непосредна комуникација со заинтересираните страни, како и усогласеност со законските барањата од областа.
-Со извршеното ресертифицирање во однос на стандардот за менаџмент со животната средина ISO 14001 : 2015 нашата компанија ја зацврстува определбата кон постојано зајакнување на сите свои капацитети со цел почитување на еколошките вредности , воспоставени врз основа на интерните процедури кои го дефинираат работењето во компанијата како и законските нормативи кои се однесуваат на оваа област. Во периодот март – мај 2019 година беа извршени интерни проверки во сите подружници на АД ЕСМ од страна на обучени интерни проверувачи. По извршените екстерни проверки од овластената компанија ТУВ Норд Бугарија, не беа констатирани никакви неусогласености и се обнови сертификатот за примена на стандардот ISO 14001 : 2015. Цврсто сум убеден дека со активностите што ги превземаме ќе придонесеме за поттикнување и едукација на вработените да дејствуваат превентивно и постојано да ја подобруваат грижата за заштита на животната средина , да внимаваат на штедењето на енергетските ресурси како и намалувањето на употребата на штетни материи и количините на штетен отпад – вели Ѓоко Ташев, директор на ХЕС Тиквеш и претставник на раководството на АД ЕСМ за имплементација и примена на стандардите ISO 9001:2015 , ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007.
Со примената на стандардот ISO 14001 : 2015 нашата компанија ги превзема сите мерки за идентификување на аспектите што се однесуваат на животната средина , обврските за постојано намалување на загадувањето и преземање превентивни мерки за негово спречување, како и сите активности кои се во согласност со прописите и законите за заштита на животната средина.