АД ЕСМ во јуни продаде вишоци електрична енергија за 4.186.820 евра
АД ЕСМ на 6.6.2019 преку јавна аукција продаде 4.800 MWh вишоци електрична енергија за вкупна сума од 198.792 евра. Продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 14 јуни. Просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 41,42 EUR/MWh. На HUPX (Унгарската берза на електрична енергија), цената за тој период изнесува 38,66 EUR/MWh.
Исто така, за месец јули продадени се и 11.160 MWh вишоци електрична енергија за вкупна сума од 561.794 евра. Просечната цена која беше постигната на аукцијата за периодот 1-31 јули изнесува 50,34 EUR/MWh.
На 10.6.2019 година АД ЕСМ продаде 52.992 MWh за третиот кавртал (јули, август и септември) во вкупна вредност од 2.842.314 евра. Постигнатата просечната цена изнесува 53.63 EUR/MWh. На HUPX, цената за Q3 изнесува 53.52 EUR/MWh.
На 12.06.2019 АД ЕСМ спроведе аукција за периодот 17-28 јуни 2019. На оваа аукција се продадени 12.000 MWh, во вкупна вредност од 583.920 евра. Просечната цена која беше постигната е 48.66 EUR/MWh.
Со тоа, вкупната вредност на продажбите извршени во првата половина на јуни изнесува 4.186.820 евра
Во 2019 година преку 17 јавни аукции продадени се вкупно 174.552 MWh вишоци eлектрична енергија, во вкупна вредност од 8.495.618 евра.