КОНКУРС за доделување 5 стипендии за студентите на Универзитет во Тетово

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ Скопје) и Универзитет во Тетово, се распишува

КОНКУРС

за доделување 5 стипендии за студентите на Универзитет во Тетово

 

На конкурсот можат да се пријават:

  • Редовни студенти на Факултетот кои се запишани за прв пат, во прва година на студии во академската учебна 2018/2019 година
  • Студенти кои студираат на една од следните студиски програми:
  • Факултет за применети науки Програмски студии: Мекатроника,
  • Факултет за применети науки, Програмски студии: Инженерска економија
  • Факултет за природно математички науки Програмски студии: Информатика – Професионална насока.

Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2018/2019 година;
  • просечната оценка на студентот (до датумот на аплицирање) да не е помала од 8.0;
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студентот да е државјанин на Република Македонија;

 

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕСМ Скопје и 1 (еден) член од Универзитетот во Тетово.

 

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот во првиот семестар, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ке го врши комисијата составена од два претставници од АД ЕСМ Скопје и еден претставник од факултетот согласно следната методологија:

  • освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, најмногу 70 поени.
  • освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени.
  • резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

 

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и ќе се доделува за времетрање од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со Договорот за стипендирање.

 

Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

 

Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска студиската година да ја завршат во рок и со просек не помал од 8, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање и други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Пополнета апликација/прашалник подготвен од страна на АД ЕСМ Скопје
  • Мотивациско писмо
  • Потврда за редовен студент запишан во прва година на студии
  • Уверение за положени испити и остварен успех (до датумот на аплицирање) за учебна 2018/2019
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија потпишана и од солидарен гарант.
  • Копија од уверение за државјанство  на Република Северна Македонија

Апликацијата/прашалникот е објавен на интернет-страницата на Универзитет во Тетово: http://unite.edu.mk

Начин на аплицирање:

Документите се поднесуваат во Центарот за Студентски Прашања и Кариера при Универзитет во Тетово, или по пошта на адреса: Центарот за Студентски Прашања и Кариера, Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, бб, 1200 Тетово, во периодот од 03.07.2019 до 10.07.2019 година.