Именувани нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ

На последната седница на Надзорниот одбор на АД „Електрани на Македонија“ одржана на 31 јануари именувани се четири нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ. За директор на секторот производство е назначен г.Благоја Деспотоски дипломиран електро инженер, кој доаѓа на местото на г. Димитар Танурков. Со секторот за развој и инвестиции ќе раководи г.Александар Пауноски, магистер по електро-технички науки, кој доаѓа на позицијата на г-ѓа Јасна Иванова Давидовиќ.

Нов член на Управниот одбор и директорка за комерцијални работи е г-ѓа Анита Стамнова, магистер по економски науки, која ќе го замени досегашниот директор г. Коста Папастеревски. Во секторот за финансии, на местото на досегашната директорка г-ѓа Славица Бесова е именувана г-ѓа Гордана Димитриеска- Кочоска, дипломиран економист.