ХЕС Црн Дрим
СТРУКТУРА
Име и презиме | Функција | ||
Гоце Божиновски | Директор | ||
Тони Маркоски | Раководител на Служба за производство на електрична енергија | ||
Управник на ХЕ ГЛОБОЧИЦА – СТРУГА | |||
Управник на ХЕ ШПИЛЈЕ – ДЕБАР | |||
Живко Фармакоски | Раководител на служба за финансиски и комерцијални работи | ||
Мерита Бизати | Раководител на служба за правни и општи работи | ||
ХЕС ЦРН ДРИМ | contact@elem.com.mk | 046 785 400 |
ХЕС Црн Дрим ја сочинуваат две брани и хидроелектрани, ХЕ “ШПИЛЈЕ” и ХЕ “ГЛОБОЧИЦА”.
ХЕ “ШПИЛЈЕ” e најголемата акумулациска хидроелектрана на сливното подрачје на реката Црн Дрим во близина на Дебар. Хидроелектраната се наоѓа на самиот состав на реките Црн Дрим и Радика, па затоа режимот на дотекувањата во акумулацијата зависи од режимот на двете реки, а со својата акумулација врши месечно израмнување на дијаграмот на потрошувачка. Хидроелектраната “Шпилје” е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 84 MW и годишно производство од 275 GWh.
ХЕ “ГЛОБОЧИЦА” се наоѓа во западна Северна Македонија на реката Црн Дрим, околу 30 km северно од Струга. Оваа деривациска електрана која го затвора тесниот профил на реката Црн Дрим, со својата акумулација врши неделно израмнување на дијаграмот на потрошувачка. ХЕ Глобочица има камено-насипна брана со висина од 94,5 m. Хидроелектраната “Глобочица” е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 42 MW и годишно производство од 191 GWh.