Меѓународна енергетска конференција во следните два дена во организација на АД ЕЛЕМ, Влада на Р. Македонија, Амбасада на САД на Р.Македонија и институт ЗИП
На 7 и 8 јуни во Струга ќе се одржи ,,Македонски енергетски форум” 2018. Станува збор за меѓународна конференција од областа на енергетиката на која ќе има говорници од повеќе земји од Европа и САД и на која ќе се говори на различни теми од енергетиката кои се актуелни за Р.Македонија и регионот, но и во светски рамки.
Темите на петте панели се следните: Енергетиката во светот во следните 20 години; Обновливи извори на енергија, микро-мрежи и складирање на енергија; Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан; Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас; Енергетска политика воРепублика Македонија – патоказ.
Конференцијата ,,Македонски енергетски форум” 2018 ќе ја отворат претседателот на Владата на Р.Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џес Бејли.
Настанот е во организација на АД ЕЛЕМ, Влада на Р. Македонија, Амбасада на САД на Р.Македонија и институт ЗИП.