АД ЕСМ доби неповратни 10 милиони денари за проектот Богданци – втора фаза
Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, и извршниот проект-менаџер за регионот на германската KfW банка, г. Рајнер Суенен, потпишаа договор со кој банката му доделува на ЕСМ неповратни 10 милиони денари, кои ќе бидат употребени за ажурирање на студијата за заштита на животната средина во рамките на проектот за проширувањето на Ветерниот парк Богданци. Покрај за студијата, овие средства ќе бидат употребени и за други консултантски услуги, како геолошки и геотехнички истраги, изработка на документација за тендер итн.
Проектот Богданци-втора фаза, предвидува проширување на ветерниот парк со уште 4 турбини, покрај постојните 16. Со тоа, ветерната електрана од сегашните 36,8 MW инсталирана моќност, ќе биде заокружена на проектирана моќност од 50 MW.