Термоенергија

ТОПЛИНА ПРЕТОЧЕНА ВО СОЗДАВАЊЕ
Термоенергетските ресурси се уште познати како фосилни, според начинот на кој настанале. Во нив спаѓаат: јагленот, нафтата, природниот гас и битуминозните шкрилци. Тие се необновливи електроенергетски ресурси што неповратно се трошат. Добивањето на електричната енергија во термоцентралите се одвива со претворање на енергијата на фосилните горива-јагленот, нафтата, гасот во електрична енергија. Термокапацитетите даваат константна енергија. Термопроизводството има растечка тенденција. За одбележување е изразито високото термопроизводство остварено во електраните ложени на јаглен во последните десетина години, кое се движи и над проектираните величини. Ова особено се однесува на РЕК Битола. Стапката на раст на термопроизводството е резултат на зголемената искористеност на капацитетите на рудниците за јаглен и на зголемената погонска спремност на објектите и вработените. Од сите нив, Република Северна Македонија располага само со резерви на јаглен и тоа од категоријата млади лигнити.

На територијата на РМ утврдени се околу 20 наоѓалишта на јаглен. Вкупните геолошки резерви се проценувааат на 2,5 билиони тони. За електроенергетски цели од сите овие интересни се Пелагонискиот и Кичевскиот басен, а перспективен потенцијал можат да бидат Мариовскиот и Тиквешкиот басен. На Пелагонискиот и Кичевскиот басен изградени се двете наши термоцентрали на лигнит, кои претставуваат стожер на електроенергетскиот систем со учество во вкупно произведената електрична енергија од 80-85%.

Најголем производствен капацитет е Рударско-енергетскиот комбинат “Битола” со своите три блока од по 233 MW и нето годишно производство од околу 1.200 GWh по блок. Комбинатот е целосно заокружена производствена целина со повеќе единици. Оваа термоелектрана како основно гориво користи јаглен кој е со просечна калоричност од 1.540 kJ/kg.

Другиот термокапацитет во составот на електроенергетскиот систем е рударско – енергетскиот комбинат „Осломеј” кај Кичево, со инсталирана моќност на блокот од 125 MW.

Третиот термокапацитет е подружницата “Енергетика” која е проектирана и изградена да овозможи комплетно снабдување на сите потрошувачи на РЖС со електрична енергија, технолошка пареа и врела вода за греење. Сегашниот конзум на електрична енергија изнесува 8-100 MWh, а топлинскиот конзум изнесува 40 MW, а во фаза на изградба е топловод за уште дополнителни 15MW. Овој капацитет како основно гориво го користи природниот гас.

Овие термоелектрани имаат важна улога во покривањето на базниот дел од дијаграмот на конзумот на Република Северна Македонија.

Постоечки објекти

Workplace

Mapa Mapa Mapa Mapa Mapa Mapa Mapa