Политика за користење колачиња
Што се колачињата (cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки коишто се зачувуваат во вашиот компјутер или мобилен телефон кога ќе посетите определена веб-страница. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од самите веб-страниците што ги посетувате и да помогнат за ваша идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб-страница. Текстуалните датотеки можат да бидат постојани или привремени. Постојаните колачиња (cookies) остануваат во вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот односно ќе преминете во офлајн состојба, додека, пак, привремените колачиња се бришат кога ќе го затворите интернет-пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример: да се запомнат вашите активности и преференции (вашите вклучувања, избор на јазик, големина на фонт или начин како да се прикаже страницата), да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и да се прикаже нејзината навигациска историја.
Зошто користиме колачиња (cookies)?
На нашава веб-страница www.esm.com.mk користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
• За да обезбедиме техничко функционирање на веб-страницата;
• За непречено да можеме да собереме збирни и анонимни статистички податоци;
• За да ги запомниме вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот, како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот);
• За да запаметиме/да се потсетиме дали се согласувате или не со користењето колачиња (cookies) на нашата веб-страница.
Кога ја посетувате нашата веб-страница www.esm.com.mk можеме да евидентираме некои податоци од вашето пребарување, како на пример вашата IP адреса, содржината од веб-страницата што сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и конкретно од која веб-страница сте биле пренасочени
Каков вид колачиња (cookies) користиме?
Користиме постојани колачиња (cookies), што го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, сè со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Можете ли да ги избришете или да ги контролирате колачињата (cookies)?
Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат за ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работата на веб- страницата, но тие ви овозможуваат подобри вештини при пребарувањето. Доколку сакате можете да ги избришете колачињата (cookies) или да ги блокирате, но ако го сторите тоа можеби нема да работат правилно некои карактеристики на веб-страницата.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) што веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете поголемиот дел од пребарувачите да ги уредите така што ќе се спречи нивно појавување. Доколку го сторите ова можеби ќе има потреба рачно да ги приспособите преференциите секогаш кога ја посетувате веб-страницата, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функции.