Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост Скопје, ги собира, одржува и управува со податоците собрани од корисниците (во понатамошниот текст ,,корисник”) што ја посетуваат нашата веб-страница www.esm.com.mk (во понатамошниот текст ,,веб – страница”).
Посетувајќи ја веб-страницата на АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост Скопје, значи дека сте ја прочитале содржината на документот Политика за приватност. Користењето, разгледувањето и запознавањето на нашата веб-страница и Политиката за приватност значи дека вие ги прифаќате и се согласувате со условите што тие ги предвидуваат. Информациите што се поставени на оваа страница се од јавен карактер и се обезбедени за информативни цели.
Заштитата и обработката на личните податоци при посета на корисник на нашата веб- страница се регулирани во согласност со Закон за заштита на лични податоци. Податоците што се собираат се неопходни за остварување на нашите законски обврски и овластувања, тие се обработуваат во согласност со Законот, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот и неговите лични податоци („законитост, правичност и транспарентност“), вклучувајќи ја тука и заштита од неовластен или незаконски пристап.
КОНТРОЛОР ЗА ЗБИРКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор на личните податоци е Акционерско друштво за производство и испорака на електрична и топлинска енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост – Скопје, со седиште на ул. 11 Октомври бр.9 Скопје, Република Северна Македонија.
СОБИРАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ
Кога корисникот ќе пристапи на нашата страница www.esm.com.mk, ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории лица:
Посетители на нашата веб-страница www.esm.com.mk – Вообичаено се собираат податоци за навигација ( види подолу ) што се користат за анализирање на податоците од посетителите, како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб- страница.
Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер – За да се обработат барањата на оваа категорија лица за пристап до информации од јавен карактер, од подносителите се бара да достават одредени податоци врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Обемот на личните податоци содржани во барањето за пристап е во согласност со образецот на барањето утврден од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ ШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ
1. Податоци за навигација.
При посета на нашата веб-страница за секој посетител се креираат логови со податоци како што се вашата интернет протокол (IP) адреса, држава (се одредува преку IP адресата), видот на пребарувачот, посебните страници што ги пребарувате на нашата веб-страница, URL на страницата каде што ве префрлила нашата веб-страница, и во некои случаи термините што сте ги користеле при обидот да ја најдете страницата на АД Електрани на Северна Македонија.
Податоците за навигација автоматски се бришат по краток временски период, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Сите активности на веб-страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите што се креираат и анализирањето на податоците што се пренесуваат од посетите на нашата вебстраница. Податоците за навигација ни овозможуваат подобрување на квалитетот на www.esm.com.mk, чија единствена цел е информирање на граѓаните за дејноста на АД ЕСМ.
2. Податоци коишто корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци што ги прибираме од вашата посета на нашата веб-страница се оние коишто доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувaња.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт-телефон, факс, електронска пошта (e-mail) и потпис. Во нашите годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата и/или иницијативите што пристигнале.
Личните податоци ги собираме преку вашето користење на различните формите за контакт:
• преку нашата електронска пошта (e-mail) contact@elem.com.mk;
• преку пошта;
• по факс;
• усно.

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје ги обработува вашите лични податоци собрани преку веб-страницата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во Република Северна Македонија. Податоците ќе се чуваат во временски период потребен за исполнување на целта заради која се собрани.

ДАВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети правни или физички лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежни државни органи врз основа на писмено барање или одлука заснована на закон.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје презема мерки на претпазливост со цел заштита на личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. За да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци на субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци или нивно ненамерно губење, преправање, неовластено откривање или пристап, како и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Сепак, мора да се напомни дека ниту еден пренос на податоци преку интернет или која било друга безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни и сериозни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата веб-страница.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност може да биде изменета и дополнета во согласност со законските измени и промените во нашите активности во кое било време. Измените ќе бидат објавени во текстот за Политиката на приватност на оваа веб-страница и влегуваат во сила веднаш по нивното објавување.
Секој корисник би требало да има незадолжителна обврска периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени.
Продолжувањето на користење на веб-страницата од страна на корисникот, по влегување во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика за приватност.

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ И КОНТАКТ
Вашите права во однос на обработката на личните податоци се:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
• право на пристап до личните податоци;
• право на исправка и бришење на личните податоци;
• право на ограничување на обработката на личните податоци;
• право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци, објавен на страницата на АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.