ВИДЕО: НОВАТА МЕХАНИЗАЦИЈА ВО РЕК БИТОЛА

Во функција е најголемиот дел од механизацијата која АД ЕСМ ја набавува за потребите на рудниците во РЕК Битола.
 
Дел од градежните машини кои заради својот габарит стигнаа во комбинатот во делови, се монтираат од претставници на производителите во земјава и регионот. Од средината на јуни досега, во РЕК Битола пристигнаа 13 од 36-те машини набавени за потребите на рудниците на РЕК Битола.
 
Вкупната вредност на набавката изнесува 17,5 милиони евра, средства на АД ЕСМ. Ова е прва набавка од ваков обем од отворањето на комбинатот пред 40 години, а нови машини во РЕК Битола не се набавени повеќе од 20 години.