ДИРЕКТОРОТ НА РАЗВОЈ И ИНВЕСТИЦИИ НА МЕФ 2021

ГРАДЕЊЕТО НА ФОТОНАПОНСКИТЕ ЕЛЕКТРАНИ ВО ОСЛОМЕЈ И БИТОЛА ЌЕ  Ѝ ПОМОГНЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА ВО ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ НОРМИ

На панелот „Иден развој на обновливите извори на енергија во регионот“, говорник беше директорот за развој и инвестиции Благој Гајдарџиски. Директорот во панел-дискусијата се осврна на развојните проекти на АД ЕСМ за изградба на нови електрани што ќе ја користат сончевата енергија како енергетски извор.

 

 

„Ни претстои многу сериозна работа, инвестирањето во фотонапонските електрани во Осломеј и Битола ќе и помогне на нашата земја во постигнување на европските норми, во енергетската транзиција и зголемено користење на обновливи извори. Рудниците во Осломеј и Битола ќе се искористат за изградба на нови соларни фотонапонски електрани, првата ФЕ „Осломеј 1“ од 10 MW е во завршна фаза, инвестиција на АД ЕСМ, се планира во октомври да биде пуштена во функција. Втората „Осломеј 2“, исто така од 10 MW, ќе се реализира во 2023 г., заедно со две други фотонапонски електрани од по 50 MW, јавно-приватно партнерство, каде што нашата компанија е партнер во инвестицијата. Договорот е потпишан, а фирмите ги подготвуваат техничките решенија. Во Битола се планирани фотонапонски електрани од 280 MW, една од 160 MW, една од 100 MW и една од 20 MW“- истакна Гајдарџиски.

Ако сакаме да ја исполниме оваа цел и да ги имплементираме чекорите за транзиција кон обновливи извори покрај прецизен технички и финансиски план, треба да се подготвиме административно, да ги средиме техничките работи од аспект на земјиште, процедури, приклучок и сите придружни работи.