ИНТЕРВЈУ НА Д-Р ИМЕР ЗЕНКУ ЗА РЕГИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД КИЧЕВО

Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, д-р Имер Зенку, гостин, во емисијата „Монитор“, на регионалната телевизија од Кичево ТВ ГУРА

Во гостувањето во емисијата директорот Зенку говореше за енергетската конференција МЕФ 2021 што се одржа по четврти пат, со поддршка на нашата компанија, каде што говореа високи претставници од Управниот одбор на АД ЕСМ. Директорот Зенку во емисијата потенцираше дека АД ЕСМ ја започна транзицијата кон чиста енергија и ги претстави проектите кои ги исполнуваат критериумите на „Зелениот договор“ и на долг рок ќе ја зацврстат енергетската независност на земјата.