АД ЕЛЕМ покровител на обуката за млади лидери

Првата школа за млади лидери овозможи квалитетна едукација од областа на лидерството. Покровител  на обуката беше претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и многубројни општествено-одговорни компании меѓу кои и АД „Електрани на Македонија“. Школата понуди одлична подготовка на идните млади лидери, знаење и вештини со стандарди што ги бара успешното лидерство.
Целта на Школата за лидери е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери, идните економски, политички и културни предводници од земјата и регионот. Обуката им овозможи на младите лидери практични знаења, многу поважни од која било теорија. Се надеваме дека Обуката ќе прерасне во традиција бидејќи Македонија има лидери.