ДИРЕКТОРОТ КОВАЧЕВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА НОВА ТВ

СЕКОГАШ ВНИМАВАМЕ ДА ПРЕДЛОЖИМЕ ЦЕНА НА СТРУЈАТА КОЈА НЕМА ДА ПРЕДИЗВИКА ОПШТЕСТВЕН ШОК, А ДА СЕ ЗАДРЖИ СТАБИЛНОСТА НА КОМПАНИЈАТА

На сред енергетска криза и во очи на одредувањето на покачената цена на струјата за граѓаните, НоваТВ направи интервју со првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Во поглед на можноста за правење компромиси во поглед на цената на електричната енергија Ковачевски вели: – Што се однесува до компромисот, ние цело време работиме по компромис. Нашата улога со новиот закон за енергетика беше да бидеме тампон зона и да обезбедиме мек преод во рок од неколку години, од некоја нереално ниска цена на струјата во минатото, кон цена која ќе биде соодветна. Ние мора да се интегрираме и енергетски, ние имаме обврски преземени од Европската енергетска заедница. Државата со години го одложуваше законот, веројатно за да не мора да се справува со ова. И Ковачевски смета дека иднината на снабдувањето со електрична енергија е во зелените извори: – Северна Македонија е на врвот во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Минатата година имавме раст на производството на енергија од обновливи извори од 10 проценти и тоа е во рамки на светскиот просек на зголемување, според извештајот на „Балкан грин енерџи њуз“, вели Ковачевски за НоваТВ.

ЛИНК ДО ИНТЕРВЈУТО