ЕЛЕМ го поддржа проектот Отворен ден за потрошувачите Е-пошта

АД ЕЛЕМ, како организација водена од принципот континуирано да ги подобрува услугите кон своите потрошувачи, се одлучи да воведе систем на постојана, отворена и двонасочна комуникација со своите потрошувачи.

Подружницата „Енергетика“ во 2010 година воведе нова практика „Отворен ден за потрошувачите“, која ќе стане редовна корпоративна манифестација. Станува збор за непосреден контакт на вработените во подружницата со потрошувачите, корисници на топлинска енергија. Жителите на овие урбани заедници, со задоволство ја прифатија идејата за одржување на ваков настан и недвосмислено пристапија со свои сугестии, барања, прашања и коментари.

На сите потрошувачи, преку сметките за топлинска енергија им беше најавено дека и во иднина, пред секоја грејна сезона ќе се организира настанот „Отворен ден за потрошувачите“. Компанијата и понатаму продолжува да ги презема сите чекори за развивање на мрежата и за постигнување висок степен на енергетска ефикасност на топловодниот систем. ЕЛЕМ освои второ место за проектот „Отворен ден за потрошувачите”.