АД ЕСМ додели 5 стипендии на студенти од електротехнички и информациски студии

АД ЕСМ додели 5. нови стипендии на студенти од три високообразовни институции – Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, и Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во согласност со воспоставената практика нашата компанија додели пет стипендии на студенти запишани на прв циклус студии во студиската 2020/2021 г., кои ги исполнуваат утврдените критериуми пропишани во конкурсите за стекнување право на стипендија. Стипендиите се во износ од 8.000,00 денари месечно, и се доделуваат за 10 месеци, односно во текот на академската година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8.0.

 

Со стипендирањето АД ЕСМ, како општествено-одговорна компанија, помага во продуцирање кадар што е особено актуелен на пазарот на трудот. Вложуваме во млади луѓе, посебно од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии коишто се барани во стопанството и на коишто во иднина уште повеќе ќе почиваат индустријата и целата економија. Позитивната општественo-одговорна практика за стипендирање студенти нашата компанија ќе ја продолжи и во иднина.