Отворена нова поставка на Универзитетската библиотека св.„Климент Охрдиски“ во Битола

АД „Електрани на Македонија“, спроведувајќи ја усвоената Декларација за општествена одговорност, распредели средства кои се наменети за развој и за унапредување на повеќе значајни дејности во општествениот и во цивилниот сектор. АД ЕЛЕМ  го помогнa отворањето на новата музејска  поставка во  Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола што беше свечено отворена за граѓаните.

„Библиотеката е фундамент на секоја култура, а читањето книги е основа на секое образование. Битола е лулка на образованието и културата,  инвестициите во библиотеката се повеќе од неопходни. Овој музеј има голема историска вредност и е од национално значење. АД ЕЛЕМ ќе продолжи да помага вакви проекти бидејќи општествената одговорност е доблест и традиција“, истакна директорот на РЕК „Битола“, Мирко Ристевски. Грижата за општеството и неговото континуирано унапредување и во иднина ќе продолжи да биде дел од деловната политика на нашата компанија, во која Битола и битолскиот регион го имаат заслуженото место.

На свеченоста по повод отворањето на музејот во рамките на Библиотеката беше истакнато дека првата библиотека на Балканот била отворена во 1434 година од страна на Османлиските власти оти во овој град биле отворени првото читалиште и првата целосно автоматизирана библиотека.  АД ЕЛЕМ, како долгорочен интерес и цел општествената одговорност  ја третира како доблест и традиција и во таа насока и натаму ќе продолжи да го помага општеството во согласност со своите можности. Грижата за општеството и неговото континуирано унапредување и во иднина ќе продолжи да биде дел од деловната политика на компанијата, во која Битола и Битолскиот регион ќе го имаат заслуженото место.