Патрониот празник на Универзитетската библиотека св. „Климент Охридски„ Битола одбележан со донација на АД ЕЛЕМ

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола со повеќе пригодни свечености го одбележува патрониот празник на библиотеката.  Најголем дел од манифестациите што се одржаа почнаа со свечено пуштање во употреба на осветлувањето на Библиотеката и ЛЕД-монитор, донација од АД „Електрани на Македонија“.  Со таа донација продолжи континуираната поддршка на ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија кон оваа значајна установа.

По тој повод,  Библиотеката им додели благодарници на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, на генералниот  директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски, на директорот на Секторот за комерцијални работи на АД ЕЛЕМ, г. Коста Папастеревски и на директорот на РЕК Битола, г. Мирко Ристевски. Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола по повод патрониот празник промовираше литературен клуб и награди за читатели на годината.