ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АД ЕСМ, Д-Р ИМЕР ЗЕНКУ, НА ТЕРЕН ВО РЕК “ОСЛОМЕЈ“
Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку го посети РЕК „Осломеј“, во придружба на раководството на комбинатот, со цел непосредно да се запознае со планираните активности на термоелектраната.
Тие го посетија рудникот, извршија увид во ископот на јаглен, контрола на динамиката на набавка на јаглен и достава на потребните количини, се со цел стабилно и непречено производство на електрична енергија.
Исто така, ја посетија и новата ФЕ „Осломеј“ од 10 MW, која по завршувањето на пробниот период, наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.