АД ЕЛЕМ покровител на натпреварот во Нордиско скијање „Мавровски Меморијал 2011 “

Со пригодна свеченост во Маврово беше означен почетокот на европскиот регионален куп во нордиско скијање Мавровски меморијал. Меморијалот опстојува речиси пет децении благодарение на спортските работници и на покровителите кои го ценат значењето на оваа манифестација. Од името на ЕЛЕМ, како главен покровител на настанот, се обрати генералниот директор д-р Влатко Чингоски којшто на учесниците им упати желби за упешно натпреврување: „Со помагање на меѓународни натпревари како овој, помагаме во приближувањето на Македонија кон светот“, истакна тој.

Градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, г.Мукрем Мехмеди, го истакна значењето на вакви настани за локалната самоуправа и изрази надеж дека сите, без оглед на постигнатите резултати, ќе заминат со убави впечатоци. Ова натпреварување се одржува од 1956 година во чест на загинатите градители на браната кај Маврово. Мавровскиот меморијал е најугледен и најстар натпревар во нордиско скијање на Балканот.