НВО Нора со поддршка на АД ЕЛЕМ ги инсталираше првите информативно-едукативни пунктови

НВО Нора, во соработка со АД ЕЛЕМ, ги инсталираше првите информативно- едукативни пултови во Клиничкиот Центар во Скопје, на Клиниката за ревматологија на болничкото одделение и во амбулантниот оддел, како и во Клиничка болница во Битола. Од НВО Нора изразија голема благодарност до ЕЛЕМ без чија поддршка немаше да се реализира проектот.

ЕЛЕМ е првата компанија што го поддржа овој проект, со што започна изведувањето на многу  други пултови поддржани и од други донатори. На пултовите се наоѓаат прирачници (водичи) за 10 најчести РМБ (ревматолошки и мускуло-скелетни заболувања), чија содржина е од едукативен и информативен карактер.

Оваа литература е прва од овој вид објавена на македонски јазик, намената за едукација на пациенти. Во секој прирачник на 12 страни се опфатени корисни теми со совети, поддршка, третман и други теми за кои пациентите секогаш се интересираат, практични совети за полесно справување со РМБ, но и за едукација на широката јавност.