ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ЕБОР ВО УСЛОВИ НА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
Генералниот директор на АД ЕCМ, Васко Ковачевски, и директорката за финансии, Добрила Стефаноска, се сретнаа со Франческо Корбо, регионален раководител за енергија за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој.
На состанокот беше разговарано за можностите за финансиска поддршка од ЕБОР во услови на енергетска криза, како и понудена донација од страна на банката во вид на консултантски услуги кои ќе помогнат за реструктурирање на компанијата со цел подобро справување со периодот по енергетската криза, кој се очекува исто така да донесе нови предизвици.