Стипендии за студентите

АД Електрани на Македонија заедно со АД МЕПСО и ЕВН Македонија доделија 12 стипендии за студенти од прва година на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Секој месец, во период од 10 месеци, студентите добиваа стипендија од сто евра месечно.

Според изјавата на деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, од пред две години, кога Факултетот ја договори соработката за стипендирање, значително е зголемен бројот на запишани студенти на насоките за енергетика, за кои претходно интересот бил многу слаб. Да се мотивираат матурантите да ја изберат енергетиката како насока беше и повод за договорот со трите компании, што резултираше со 75 запишани во 2011/2012 наспроти 25 во претходната студиска година.