Претстава за деца „ЕЛЕМ и елементите“

Мобилната претстава под наслов „Елем и елементите“ која ја организираше АД „Електрани на Македонија“ е едукативна и поучна претстава за учениците од шест до осумгодишна возраст. Претставата имаше за цел да ја подигне свеста кај најмладата популација за неопходноста од штедење на електрична енергија, да се запознаат децата со начините за производство на струјата, како и да го увидат непроценливото значење на енергетските ресурси, што се користат при производството на електрична енергија. Дејството во претставата започнува со момчето Елем кое откако во еден миг на целата планета снемува електрична енергија тргнува на далечен пат со цел да ја врати светлината во домовите, а со тоа да ја врати и радоста во домовите на луѓето, кои не можат да го замислат својот живот без електрична енергија.

Претставата „Елем и елементите“ се одржуваше во основните училишта во Скопје. Децата научија за штедењето на електричната енергија, за нејзиното значење како неопходен услов за живот за целото човештво, за создавање грижлив однос кон ресурсите за производство на електрична енергија кои сè  повеќе недостасуваат.