БЕКТЕШИ – КОВАЧЕВСКИ: СО ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ И МЕНАЏИРАЊЕТО ОД АД ЕСМ УСПЕШНО СЕ ПРЕБРОДИЈА КРИЗИТЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија Васко Ковачевски денеска на прес-конференција информираа за мерките кои што ги донесе Владата за справување со енергетската криза, а кои што се спроведоа преку АД ЕСМ кој како државна компанија секојдневно ги менаџиреше состојбите во справувањето со кризата соелектрична енергија и кризата со топлинска енергија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Министерот Бектеши во своето обраќање истакна дека во услови кога цела Европа е соочена со една од најголемите енергетски кризи, Владата преку АД ЕСМ успеа со навремени мерки да се справи со ценовниот шок кој што беше неминовен. Успеавме да обезбедиме минимален раст на цената на струјата и парното, а во време кога сите земји во регионот имаат рестрикции на струја, обезбедивме непречено снабдување со електрична енергија за сите домаќинства и мали потрошувачи.

ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА