ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР ИМЕР ЗЕНКУ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА КЕК
Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку одржа работна средба со Нагип Красниќи, главен извршен директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК).
На состанокот се разговараше за предизвиците и идните инвестиции во енергетскиот сектор на двете земји, можност за продлабочување на енергетската и економската соработка, со посебен акцент за снабдување на термоелектраните со јаглен.
Директорот Красниќи рече дека работат на обезбедување на доволни количества јаглен за сопствените електрани на КЕК, но ќе вложат и дополнителни напори за да се реализира можноста за извоз на јаглен во Северна Македонија.