СОСТАНОК ВО ВИЕНА НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски учествуваше на Четвртиот координативен состанок на компаниите за производство на електрична енергија на Енергетската заедница, кој се одржа во Виена.
Директорот Ковачевски ја презентира актуелната состојба со електро-енергетскиот систем во Р. Северна Македонија, со акцент на менаџирањето на енергетската криза, односно кризата со електрична и со топлинска енергија.
На состанокот, Р. Северна Македонија е оценета како една од подобрите држави во однос на менаџирањето на енергетската криза, со силна поддршка од Владата и со АД ЕСМ како носител на сите проекти за справување со кризата.
Во заклучоците од состанокот се констатира дека претстои тешка 2022г и тешка следна грејна сезона. Се постигна согласност дека е потребна подобра и навремена подготвеност на сите држави во регионот за стабилна продукција и испорака на енергија, особено за грејната сезона 2022/23г.