СРЕДБА ВО АТИНА НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ЕСМ, ВАСКО КОВАЧЕВСКИ СО ДИРЕКТОРОТ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА, АРТУР ЛОРКОВСКИ
На самитот за електрична енергија кој се одржува во Атина, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски се сретна со новоназначениот директор на Енергетската заедница (ЕЗ), Артур Лорковски.
Ковачевски го запозна Лорковски со предизвиците со кои се соочи државата во текот на енергетската криза, како и успешното менаџирање преку АД ЕСМ со силна поддршка од Владата на Р. Северна Македонија. Беа истакнати предизвиците кои се очекуваат во текот на годината, како и за следната грејна сезона 2022/23г.
Лорковски, од своја страна изрази поддршка за државата и за АД ЕСМ како лидери во енергетската транзиција во Југоисточна Европа и порака да се продолжи во истиот правец.
Договорена е работна средба која ќе се одржи во Скопје на крајот на јуни, на која подетално ќе се разговара за енергетските теми и проекти.