ПОТВРДЕНА УСПЕШНАТА ПРИМЕНА НА СТАНДАРДОТ ЗА КВАЛИТЕТ СО УПРАВУВАЊЕТО ВО АД ЕСМ

Во АД ЕСМ успешно се работи според стандардот за квалитет со управувањето ISO 9001:2015 , така што сертификатот за негова примена, продолжува да важи и во наредниот период. Ова е епилогот од редовната годишна надворешна контрола на сертифицирани проверувачи од германската компанија ТУВ Норд Есен, со канцеларија во Пловдив, во врска со примената на стандардот.
 
 
Во текот на процедурата беше извршена проверка на работењето на тимот задолжен за примена на стандарди на ниво на АД ЕСМ- Подружница ХЕС „Маврово“. Беа проверени повеќе области на дејствување, како што се контекстот на организација, шемата на процеси, матрица на одговорност, преиспитување на раководство, организациска посветеност , интерни проверки проценка на ризици, производство на електрична енергија, јавни набавки , прилагоденост кон законската регулатива, човечки ресурси, архивско работење и контрола на возен парк.