ДОГОВОРЕН СОСТАНОК ВО ТИРАНА ЗА РЕГИОНАЛНА ЕНЕРГЕТСКА КООРДИНАЦИЈА ПРЕД ГРЕЈНАТА СЕЗОНА

Енергетската координација во пресрет на следната грејна сезона беше една од темите на вчерашниот онлајн состанок на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

 Договорено е во средината на месецот во Тирана да се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Северна Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.

Енергетската криза се разгледуваше на вчерашниот состанок на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ како една од главните точки на состанокот, покрај евроинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји.