УРЕДУВАЊЕ НА ПЛАТОТО ОКОЛУ СПОМЕНИКОТ НА ГРАДИТЕЛИТЕ НА МАВРОВСКИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

Вработените во АД ЕСМ, Подружница ХЕС Маврово деновиве почнаа акција за партерно уредување на просторот околу споменикот на градителите на мавровските хидроелектрани, лоциран на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Активностите предвидуваат целосно уредување и чистење околу споменикот од висока трева и ситен отпад, обнова на клупите, замена на дотраените плочки и хортикултурно уредување околу платото на споменикот.

ЗА АД ЕСМ како општествено одговорна компанија, ова е едно од најзначајните спомен обележја кое е подигнато во чест на загинатите градители, што трагично ги загубиле животите во снежна лавина , ноќта помеѓу 11 и 12 февруари, 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем „Маврово“. Делегации на АД ЕСМ и на Подружница ХЕС Маврово, секоја година на 11 февруари положуваат цвеќе пред споменикот, а во чест на работниците, се одржува и познатиот спортски настан во нордиско скијање „Мавровски меморијал“.