МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ,,ЕНЕРГЕТИКА 2022”
Во Струга се одржа меѓународната конференција ,,Енергетика 2022” во организација на Здружението на енергетичарите на Северна Македонија ЗЕМАК. Годинава преовладуваа стручни трудови од областа на обновливите извори, пред се фотоволтаичните системи, но и интересни трудови за батериското складирање на електричната енергија, како и теми поврзани со класичното производство на струја во термоелектраните на јаглен.
Конференцијата ја отвори директорот за развој и инвестиции во АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, а на панелот ,,Состојби во енергетиката” зборуваше генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.