Членови на Управниот одбор на средба со делегација на ММФ

Раководството на АД ЕСМ одржа работен состанок со претставници од Канцеларијата на ММФ во Скопје. На состанокот се дискутираше околу можностите за производство на електрична енергија, предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, како и за важноста од инвестиции во нови проекти.

Посветеноста на АД ЕСМ кон постигнување енергетска независност се одразува преку планиран развој на обновливи извори на енергија. Со планот за континуирани инвестиции и модернизација на инфраструктурата, компанијата го забрзува преминот кон одржливи енергетски решенија и еколошка иднина.

Соработката со институции како ММФ е од клучно значење за забрзување на инвестициите и реализација на Зелената агенда за Западен Балкан.