Потврден сертификатот за имплементација на стандардот за животна средина

АД ЕСМ го потврди  сертификатот за имплементација на стандардот за животна средина  ISO 14001:2015, со важност до октомври, наредната година. Ова е резултат на екстерната  годишна проверка што во изминатиот период ја спроведе компанијата „СГС Београд“, овластена компанија за тестирање, инспекција и сертификација. 

Предмет на проверката беа примената на стандарди во АД ЕСМ, подружницата ХЕС „Црн Дрим“ и подружницата ХЕС „Треска“. Оценети беа контекстот на организацијата, усогласеноста со законската регулатива, човечките ресурси и посветеноста кон заштитата на животната средина. Исто така, беше проверена примената на процедурите, системските записи и обуките на вработените. Дополнително, беа разлгледани  и мониторингот на аспектите од животната средина, управувањето со отпад и опасен отпад, како и целите и мерките за подобрување во однос на заштитата на животната средина, ризиците, приликите и мерките за постапување во случај на незгода.

Во извештајот е изразена пофалба за перформансите во проверените подружници и за работниот тим за примена на стандарди во АД ЕСМ, а посветеноста и соработката на сите вработени се оценети како клучни фактори за успешното завршување на проверката.