ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДЕФЕКТ НА МАГИСТРАЛЕН ВОД ВО НАСЕЛБА ЖЕЛЕЗАРА

Поради дефект на магистрален вод DN 200 на улица Коце Металец во населбата Железара, прекинато е снабдувањето со топлинска енергија до објектите на следните улици: Коце Металец, Душан Тасковиќ, Тајмишка, Зеничка, дел од Филип Филиповиќ и дел од Гемиџиска.

Екипите на подружницата Енергетика интензивно работат на отстранување на дефектот и се очекува нормализација на испораката во најкус можен рок. Се преземаат сите неопходни мерки за брзо решавање на ситуацијата, а потрошувачите се информирани преку специјални известувања поставени на објектите во засегнатиот реон.