Известување

Утре, 22 октомври, во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидaт жителите на целото дебарско конзумно подрачје.  Прекинот е во согласност со редовните годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје” кај Дебар.

Ќе бидат реализирани планирани редовни годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV во ХЕ „Шпилје”, профилактички испитувања на 110 kV Блок трансформатори и 110/35 kV РТР oд страна на надворешен извршител, како и редовни годишни ревизиски активности од службата за електро машинско одржување (СЕМО) на ХЕС „Црн Дрим”.

Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.