Социјалните аспекти на енергетската транзиција се од исклучителна важност

Помошник-директорот на Секторот за развој и инвестиции во РЕК „Битола“, Тони Ангелевски, учествуваше на јавната дискусија „Праведна и зелена транзиција во Битола” каде што истакна дека покрај основната дејност на комбинатот, производството на електрична енергија, од особена важност се мерките за заштита на животната средина.

РЕК „Битола“ во наредниот период ќе работи на низа капитални проекти, со кои преку ревитализација и модернизација на постојните капацитети се очекува  намалување на загадувањето.  Ангелевски нагласи  дека во процесот на праведна и зелена транзиција,  најголемиот рударско-енергетски комбинат, мора да внимава и на социјално – економските импликации, како и на заштитата на економијата на околните општини.