АД ЕСМ ја потврди успешната примена на стандардот за управување со квалитет

АД ЕСМ успеа да го потврди сертификатот за управување со квалитет ИСО 9001:2015. Сертифицирани проверувачи од компанијата „SGS Beograd“од Белград, извршија  редовна годишна контрола на примената на стандардот за управување со квалитет ИСО 9001:2015. Во текот на процедурата тимот задолжен за примена на стандарди изврши контрола на работењето на ниво на АД ЕСМ, како и на подружниците ХЕС „Маврово“,РЕК „Осломеј“ и „Енергетика“.

Ресертификацијата на стандардот за управување со квалитет 9001:2015 е уште една потврда дека АД ЕСМ работи според најновите корпоративни светски стандарди, според  систем за менаџирање на квалитетот, кој е фокусиран на потребите на работниот процес и е гарант за испорачување на ниво на квалитет што е преземено како обврска.