АД ЕСМ и СОКАР потпишаа меморандум за разбирање
Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ и државната компанија СОКАР од Република Азербејџан потпишаа Меморандум за разбирање со цел зајакнување на енергетската стабилност во земјава. Соработката се фокусира на подобрување на достапноста и проширување на можностите за набавка на природен гас, со цел да се обезбеди стабилно, континуирано снабдување по конкурентни цени, во согласност со позитивните законски прописи.
Овој Меморандум е во насока на напорите на државата да обезбеди природен гас, додека СОКАР има за цел да го зголеми своето присуство на регионалниот пазар.
СОКАР е интегрирана компанија која со еколошка свесност врши дејности за производство, транспорт и продажба низ целиот свет и притоа стратешки го поддржува растот на научниот, техничкиот, економскиот и интелектуалниот потенцијал на Република Азербејџан. Компанијата активно ја промовира транзицијата кон зелена економија со развој на проекти за соларна, ветерна и водородна енергија. Преку примена на напредни и еколошки технологии, СОКАР зазема клучна позиција во регионалните и меѓународните енергетски проекти на Азербејџан и на Европа.
ЕСМ обезбедува највисок процент од домашното производство на електрична и на топлинска енергија. Стратешка цел на компанијата е креирање платформа за транзиција кон зелената енергија со фокус на проекти од обновливи извори.