Соопштение за организирање јавни презентации за проектите ФЕ Битола 1 и ФЕ Осломеј 2
Во врска со проектот Solar PV Transition кој се однесува на изградба на ФЕ Битола 1 и ФЕ Осломеј 2, АД ЕСМ во соработка со Општина Новаци и Општина Кичево организира јавни презентации и консултации за вклучување на заинтересираните страни на кои ќе бидат презентирани проектите:
• Фотоволтаична електрана Битола 1 со моќност од 20 MW во околина на РЕК Битола.
• Фотоволтаична електрана Осломеј 2 со моќност од 10 MW во околина на РЕК Осломеј.
Се информира јавноста дека Пакетот за Јавна објава на Проектите содржи:
1) Проекти ФЕ Битола 1 и ФЕ Осломеј 2
2) Елаборати за ОВЖС и одобрение на истите;
3) Не-техничко резиме за оценката на животната средина и социјалните аспекти на Проектите;
4) План за вклучување на заинтересирани страни и
5) Формулар за поднесување поплаки на проектите
Документите се јавно достапни на официјалната веб страна на АД ЕСМ (ЛИНК -Документи ФЕ Битола 1 https://www.esm.com.mk/?p=12303 ) (ЛИНК -Документи ФЕ Осломеј 2 https://www.esm.com.mk/?page_id=9751 )
Јавните презентации на проектите ќе се одржат на:
• 26.11.2024 (вторник) во 13 часот во просториите на Општина Новаци.
• 28.11.2024 (четврток) во 13 часот во просториите на Општина Кичево.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната консултација и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози во врска со проектот.