ОТВОРЕНА ПОСТАПКА за ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧ Битола 1 и Осломеј 2
АД Електрани на Северна Македонија објавува
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА за ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧ
за проектот
ТРАНЗИЦИЈА КОН СОЛАРНИ ФОТОВОЛТАИЦИ – ПРОЕКТИРАЊЕ, НАБАВКА И ИЗГРАДБА, ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА И ПРЕДАВАЊЕ НА ФЕЦ ОСЛОМЕЈ 2 (10 MW) И ФЕЦ БИТОЛА (20 MW) СО ВКЛУЧЕНО ПОВРЗУВАЊЕ НА МРЕЖА
АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки за клиенти на Меѓународната развојна банка EBRD (European Bank for Reconstruction and Development) на линкот кој е даден во продолжение https://ecepp.ebrd.com/delta/viewNotice.html?displayNoticeId=35307477. Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на EBRD банка. Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот. Компаниите можат да побараат појаснување и дополнителни информации согласно упатствата дадени во документите.