Екипи на ХЕС Маврово при екстремни временски услови го вратија во функција далекуводот Вруток-Бела Вода-Врбен
Екипи на ХЕС „Маврово“ целосно го санираа 35 КV далекувод Вруток-Бела Вода-Врбен што прексиноќа пред полноќ беше оштетен како последица на силен ветер и снежни наноси. Станува збор за преносен капацитет што АД ЕСМ го користи за сопствени потреби, а истовремено, со електрична енергија се напојуваат селата Никофорово, Леуново, Маврови Анови и Маврово.
Со алтернативно техничко решение, стручните екипи на ХЕС Маврово овозможија жителите на засегнатите села да не останат без електрична енергија подолг период. Овој сложен зафат се одвиваше во екстремни временски услови, силен ветер и снежна покривка од преку 80 сантиметри на непристапен планински терен.