ТЕ Битола 1 превентивно исклучен од електроенергетската мрежа
Стручниот колегиум на РЕК Битола, донесе одлука ТЕ Битола 1 во текот денот привремено да биде исклучен од електроенергетската мрежа. Станува збор за превентивна мерка врз техничко-технолошките компоненти на термоблокот.
Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот. Со оглед дека се очекува стабилизација на времето и со тоа и подобрување на квалитетот на јагленот, застојот нема да биде подолг од неколку денови.
АД ЕСМ ќе продолжи со производство од ТЕ Битола 3, ЕСМ Енергетика – Когел, расположливиот хидропотенцијал и ветерниот парк Богданци, во согласност со потребите на Универзалниот снабдувач.