Известување

Во периодот од 6 до 11 април, Термоелектраната Битола ќе работи со намален капацитет, испорачувајќи електрична енергија преку еден блок. Причина за ова е планираниот редовен ремонт на блокот “Битола 2”, кој започна на 1 април и има за цел да ја зголеми ефикасноста на постројката. Дополнително, утрово беше планирано исклучен од мрежа термоблокот “Битола 3” поради неопходна интервенција на регулационен вентил, која се очекува да биде завршена во најкраток можен рок.
За предметниот период, АД ЕСМ има обезбедено електрична енергија преку јавен оглас по прифатлива цена од 108,3 евра за мегаватчас, што во тековниот момент претставува поволна опција за штедење на хидропотенцијалот.
Во изминатите две недели подобрена е хидролошката состојба во акумулационите езера кои располагаат со доволен капацитет за прием на зголемениот прилив на вода од реките Треска, Црна Река и Црн Дрим.
АД ЕСМ ги следи состојбите и ќе продолжи да ги испорачува номинираните количини електрична енергија кон Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.