Проблем на дистрибутивната електроенергетска мрежа во подружница „Енергетика“ е причина за прекин на испорака на топлинска енергија

Ја известуваме јавноста дека поради настанат проблем на дистрибутивната електроенергетска мрежа во подружница „Енергетика“, која е приклучена на комбинираната електрана КОГЕЛ  што произведува електрична и топлинска енергија, во  прекин е испораката на топлинска енергија кон потрошувачите во населбите Железара, Триангла, Маџари и Хиподром. Станува збор за проблем предизвикан од надворешен фактор, и не е последица од работните процеси во ЕСМ Енергетика.

Веднаш се известени и повикани надлежните институции кои се излезени на терен и по констатација на причината за настанатиот прекин, очекуваме во наjкус можен рок да се нормализира испораката на топлинска енергија до потрошувачите.