Избрани најповолни понуди за набавка на електрична енергија
Во согласност со спроведениот јавен оглас за набавка на електрична енергија од 7.3.2017, АД ЕЛЕМ ќе набави електрична енергија по просечна цена од 36,4 евра. Оваа цена е според очекувањата на „Електрани на Македонија“ и е пониска од моменталната производствена маргина на компанијата.
Со оваа набавка ќе се создадат одлични предуслови АД ЕЛЕМ да ги продава вишоците на произведената електрична енергија и да додаде вредност на сопствениот производ во периоди кога берзанската цена ќе биде повисока. Вкупно ќе бидат набавени 32.710 мегават-часови за период од 11.3.2017 до 30.4.2017 година. На аукцијата учествуваа вкупно девет економските оператори .
Во периодот кој што следува АД „Електрани на Македонија“ ќе ја следи и анализира ситуацијата на пазарот, а со цел оптимизација на сопственото производство. Компанијата ќе носи одлуки кои ќе бидат во согласност со потребите на граѓаните, а истовремено ќе обезбеди и поголема додадена вредност на крајниот производ и зголемен приход.